
Мбапе со крвав нос го заврши мечот, а се обиде и срамно да задржува време! (ВИДЕО)
При еден дуел во шеснаесетникот на Австрија, на Мбапе му беше раскрвавен носот. Подолго му беше укажувана лекарска помош, мораше да го напушти теренот поради крвта која беше на неговото лице.
Одејќи накај средишниот дел од теренот заедно со лекарите, Мбапе наеднаш повторно влезе во теренот и легна сакајќи да задржува време. Овој негов обид заврши неславно, судијата му покажа жолт картон.