Вардар остана без најдобриот ракометар: Јасухира се сели во Кувајт
Јасухира беше одличен во редовите на Вардар во текот на минатата сезона, но управата на скопскиот гигант не го убеди да остане, па Јапонецот реши да ја прифати понудата од Кувајт.
Јапонскиот ракометар играше и за Ал-Кадсија на азискиот шампионат и помогна да го освои третото место на турнирот.