Детали за смртта на екс-играчот на Партизан: Со мотор влегол во спротивна насока и се забил во автомобил
Според нив, поранешниот кошаркар под неразјаснети околности преминал во спротивна насока и притоа се судрил со патничко возило. Гордон загинал на лице-место, а двете лица кои се наоѓале во автомобилот се пренесени в болница со повреди кои не се опасни по нивните животи.
Американците наведуваат дека Гордон не бил под влијание на алкохол или наркотични средства, но истрагата уште е во тек.