Како дете се сликал со Адеми, сега држи пехар заедно со него! (ФОТО)
Сучиќ оваа сезона стана еден од најголемите откритија на Динамо Загреб, а клубот на социјалните мрежи му посвети специјален пост.
Сучиќ како дете бил голем фан на нашиот Аријан Адеми, носел негов дрес и се сликал со него, а сега двајцата заедно држат пехар.
„Животот пишува романи... Како мало дете го сонуваше овој свет дрес, а денеска со својата работа и дисциплина ги живееш своите соништа! Подобар ментор и пример не можеше да избереш. Сегашност на Динамо и иднина на Хрватска“, напиша Динамо Загреб и ги сподели фотографиите.