Олимпијакос ја освои Каталонија и третпат по ред ќе игра на Ф4 во Евролигата!
Како важноста на играта да им ги врзуваше рацете на играчите на двата тима, па се забележаа многу малку поени. Во таков натпревар грчкиот клуб подобро се снајде. Шакил Мекисик беше најефикасен кај победниците со 12 поени, Никола Милутинов забележа дабл-дабл од по 10 поени и скокови. Филип Петрушев го заврши натпреварот со пет поени. На другата страна двоцифрен беше единствениот Николас Лапровитола со 17 поени.
На завршниот турнир уште се најдоа Реал Мадрид, Панатинаикос и Фенербахче.