Црвена звезда ја декласира Мега и обезбеди финале во АБА-лигата
Мега имаше добар почеток на средбата и серија од 9-0, а водството го одржа до крајот на првите 10 минути (26-19). Сепак, „црвено-белите“ се разиграа во продолжение од средбата и на полувреме заминаа со 47-37.
Ц. Звезда во второто полувреме продолжи да доминира на паркетот и не ѝ дозволи на Мега да ја врати неизвесноста, па така запиша триумф од 94-69.
Најефикасен во победата беше Рокас Гедраитис со 20 поени, додека Богољуб Марковиќ и Илија Милисављевиќ постигнаа по 13 поени за Мега.