Голема борба, отпор на Пролет и победа на Тиквеш
Кавадарчани ја имаа иницијативата и најчесто беа во предност, но Пролет се држеше до самиот крај. Во последните десет минути, екипите влегоа израмнети (19-19), но во финишот Тиквеш постигна седум гола и го скрши отпорот на жилавиот ривал.
Во тимот од Кавадарци повторно го немаше повредениот Ани Обина кој е повреден, но во негово отсуство блеснаа Мартин Манасков кој постигна осум гола. Кај Пролет, прв стрелец беше Андоновски со пет гола.