Рељиќ остана без виза за ЛОИ во Париз

Македонската таеквондистка и најдобра млада спортистка за 2023 година, МИла Рељиќ беше поразена во првата борба на турнирот во Софија од Ами Минк со 0-2 во рунди.

Рељиќ со поразот против ривалката од Холандија остана без виза за Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз.

Ова значи дека Македонија ќе биде без таеквондисти на ЛОИ, откако вчера и Дејан Георгиевски беше поразен и остана без место на големото натпреварување.