Лоша вест: Георгиевски нема да го брани среброто на ЛОИ 2024 во Париз!
Георгиевски денеска беше поразен со 1-2 во рунди од белорускиот репрезентативец Плонес, а со тоа згасна надежта на македонскиот таеквондист за нов поход по медал на следните Олимписки игри.
Сребрениот медал на Георгиевски од Токио засега ќе остане најголемиот успех, а македонскиот репрезентативец ќе чека шанса во следните години за повторување или постигнување на поголем успех.