Смилковски: Сонувавме за финале, но мора да се помириме со реалноста!

ТФТ Скопје разочара против Гостивар (62-72) во првиот меч од завршницата во Купот на Македонија, а тренерот Боро Смилковски кажа дека имале големи амбиции на турнирот.

Смилковски посочи дека посакувале финале во Купот, меѓутоа не исполниле голем дел од работите кои биле зацртани пред мечот против Гостивар.

„Вината за поразот ја преземам јас затоа што не успеавме да исполниме ниту 20 проценти од зацртаното. Тоа што можам да го кажам е дека кошаркарите се млади и им треба повеќе искуство за вакви натпревари. Имавме големи амбиции, посакувавме финале, но мора да се помириме со реалноста и да му честитаме на подобриот“, кажа Смилковски.