Лоша вест: Георгиевски нема да го брани среброто на ЛОИ 2024 во Париз!

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски остана без олимписка норма и нема да го брани сребрениот медал на Летните Олимписки игри (ЛОИ) 2024 во Париз.

Георгиевски денеска беше поразен со 1-2 во рунди од белорускиот репрезентативец Плонес, а со тоа згасна надежта на македонскиот таеквондист за нов поход по медал на следните Олимписки игри.

Сребрениот медал на Георгиевски од Токио засега ќе остане најголемиот успех, а македонскиот репрезентативец ќе чека шанса во следните години за повторување или постигнување на поголем успех.