Американец во нападот на Македонија ЃП

Актуелниот освојувач на националниот Куп, Македонија ЃП продолжи со ремонтот на тимот и на неколку дена пред продолжението од сезоната донесе нов играч.

Нов член на „лавовите“ е американскиот интернационалец Кит Ларсон, напаѓач со не многу богата кариера кој доаѓа од Албион Сан Диего во САД. Ако не се појават неочекувани проблеми, Ларсон би требало да дебитира в недела во дуелот против Шкендија во Ѓорче Петров.

Ларсон е осмо засилување зимава за Македонија ЃП, по Џонатан Балотели, Давид Родригез, Страхиња Павишиќ, Крсте Велкоски, Иван Галевски, Жилберто и Алекс Златков.