Меси ги разочара навивачите, ама и владата на Хонг Конг
На стадионот се појавија над 38 илјади фанови, најниската цена на влезниците беше 115 евра, но на црно таа изнесуваше и над 1.000 евра. Нервозни поради неиграњето на Меси, присутните почнаа да скандираат да им се вратат парите и го исвиркаа Дејвид Бекам при неговиот обид да им се заблагодари, а владата на Хонг Конг синоќа објави две соопштенија и се закани дека ќе ги повлече 1,9 милиони евра јавни средства, наменети за организаторот на настанот.
„Пред почетокот на натпреварот, организаторот потврди дека Меси ќе игра во второто полувреме“, изјави министерот за култура, спорт и туризам, Кевин Јунг.
Тој откри дека се обидел на го исконтактира организаторот откако Меси не се појавил во игра на почетокот на второто полувреме, но успеал на десетина минути пред крајот кога пропаднале обидите да се убеди Аргентинецот да заигра барем десетина минути, да прими трофеј и да им се обрати на навивачите. Причина за неиграњето на Меси е повреда на тетивата поради што и на дуелот со Ал Наср на 1 февруари одигра само седум минути во финишот од натпреварот.