„Откако се пензионира Лазаров, Македонија повеќе не е силна како порано“
Кречмар смета дека Македонија нема квалитет како во изминатите години кога Кире Лазаров беше предводник на теренот.
„Македонија нема квалитет како во претходните години. Откако Кире Лазаров се пензионира, тие не се силни како пред пет-шест години. Во тоа време Македонија беше одличен тим и имаше борбени ракометари. Сепак, не треба да ги потцениме“, кажа Кречмар.
Натпреварот меѓу Македонија и Германија се игра на 14 јануари со почеток од 20.30 часот.