![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2018/01/24/22918-kire-lazarov-nema-da-igra-so-danska.jpg?itok=ijlH8Dd2)
Кире Лазаров нема да игра со Данска!
Селекторот Раул Гонзалес ја искористи последната замена на Европското првенство да го извади Кире Лазаров од составот. Капитенот нема да биде меѓу 16-те за денешниот натпревар со Данска, а на негово место шанса ќе добие Гоце Ојлески.
Лазаров се повреди на натпреварот со Шпанија, во неделата и беше неизвесно дали воопшто ќе може да стапне на терен до крајот на шампионатот. Сепак, по два дена во Загреб на прегледи и третмани, синоќа излезе против Чешка, само колку да ги изведува пеналите.
Ојлески првпат ќе добие шанса и многу веројатно е дека ќе го почне вечерашниов меч, за да го одмени досега единственото лево крило во нашата репрезентација, Дејан Манасков.
Мечот Данска - Македонија се игра од 18.15 часот.