Јокиќ му го сврте грбот на „Најк“ - ќе го освојува кинескиот пазар!
Србинот беше разочаран од „Најк“ затоа што стана единствениот МВП кошаркар од НБА лигата кој нема сопствена линија на патики, раководството на компанијата му порача дека не планираат да направат за него такво нешто во блиска иднина.
Ситуацијата ја искористи кинескиот бренд „361 Дегрис“ и потпиша голем спонзорски договор со Никола Јокиќ. Официјалната сума засега не е објавена, но според извори блиски до кошаркарот, се работи за најбогатиот спонзорски договор што некогаш го добил МВП играч.
Јокиќ на тренинзите веќе носеше патики од кинескиот бренд, а синоќа се појави и на меч на Денвер откако и официјално ја прекина соработката со „Најк“.
Промотор на „361 Дегрис“ е и соиграчот и добар пријател на Јокиќ, Ерик Гордон.