Шпанските тренери доминираат во топ-5 лигите во Европа

На речиси половина од сезоната во европскиот клупски фудбал, интересна е сликата во најдобрите пет лиги на континентот.

Во четири од петте најсилни првенства, на чело на табелите се екипи предводени од шпански стручњаци. Во Шпанија води Жирона која на клупата го има Мичел, во Англија прв е Арсенал со Микел Артета, во Германија е Баер Леверкузен со Чаби Алонсо, а во Франција е ПСЖ со Луис Енрике. Сите четворица заедно имаат вкупно четири порази во досегашниот дел од сезоната со тоа што Чаби Алонсо уште е несовладан во Бундеслигата, Мичел и Луис Енрике претрпеа по еден неуспех, а Артета.

Исклучок од ова е италијанското првенство каде на чело на табелата е Интер, предводен од домашниот стручњак Симоне Инзаги. Сепак, факт е дека во Серија А не работи ниеден Шпанец, а единствени странски тренери во екипите се Португалецот Жозе Мурињо во Рома и Хрватот Иван Јуриќ во Торино. Останатите 18 се Италијанци.