Манчестер Сити потврди дека Бегиристан си заминува и го откри името на неговиот наследник

Најавите на англиските медиуми се остварија, Чики Бегиристан по крајот на сезоната заминува од функцијата спортски директор во Манчестер Сити, на негово место доаѓа Хуго Виана од Спортинг.

„Манчестер Сити може да потврди дека Чики Бегиристан ќе замине од функцијата спортски директор на крајот од сезоната 2024/25“, се вели во соопштението на клубот.

Тој заминува по 12 години работа во Манчестер Сити, најуспешниот период во историјата на клубот исполнет со многу трофеи. Тој ќе замине по крајот на Светското клупско првенство кое ќе се одржи идното лето, а на негово место ќе пристигне Хуго Виана од Спортинг.

Сити информира дека Виана официјално со работа ќе почне од идното лето, но ќе биде во комуникација со Бегиристан со месеци претходно со цел полесна трансформација на обврските.