Ѓоковиќ против Синер во финалето на мастерсот во Шангај

Новак Ѓоковиќ во два сета го победи Тејлор Фриц и се пласираше во финалето на турнирот во Шангај каде ќе игра против Јаник Синер.

Српскиот тенисер првиот сет го доби со еден освоен брејк, Фриц го загуби третиот свој сервис, беше 6-4 за водство на Ѓоковиќ од 1-0.

Во вториот сет двајцата тенисери водеа голема борба, беа максимално добри на свој сервис, па се играше тајбрејк кој го доби Ѓоковиќ со 8-6 и извојува победа од 2-0.

Ѓоковиќ во финалето ќе игра против Синер кој претходно во два сета го совлада Махач.