За билет за последниот меч на Надал се плаќа и над 30.000 евра

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал најави дека на Дејвис Купот наредниот месец ќе го одигра својот последен меч во кариерата, а сите кои ќе сакаат да го гледаат тој меч ќе мора да платат висока цена.

По објавата на Надал билетите за неговиот последен меч достигнаа цена од неверојатни 33.000 евра. Турнирот во Малага ќе се одигра од 19 до 24 ноември.

Платформата Виагого преку која се продаваат билетите прифаќа барања од 1.500 до 33.600 евра по билет за четвртфиналето помеѓу Шпанија и Холандија. Кога влезниците беа пуштени во продажба, најскапите ВИП билети се продаваа по 525 евра.

На трибините во салата „Мартин Карпен“ може да се сместат до 10.600 гледачи.