Човек да не поверува: Ибрахимовиќ за малку ќе бил претепан во Милан!

Златан Ибрахимовиќ завршил на земја, а Огучи Ониеву врз него со стисната тупаница сакајќи да го удри својот соиграч од тие денови во 2011 година, но останатите фудбалери реагирале и спречиле поголем инцидент.

Ибрахимовиќ е познат како арогантен човек со црн појас од таеквондо и хумор кој не им се допаѓа. Често пати знаел да претерува со шегите кои не им се допаднале на останатите, а сега инцидентот настанал поради остарт старт на Ибрахимовиќ врз Ониеву.

Деталите за инцидентот откри бразилскиот напаѓач Алесандре Пато во едно свое интервју неодамна.

„Ониеву продолжи да игра. Го нагази Ибрахимовиќ, но можеше да се види дека нема намера да го повреди сакаше да дојде до топката. Златан во еден момент застана и сите видовме како се затрчува кон Ониево и стартува со две нозе за да го повреди. Ониеву навистина беше добар дечко, со големо срце. Ибрахимовиќ стана и се обиде да го фати за дрес за повторно да го сруши. Но, Огучи го совлада со неверојатна леснотија иако Ибра е огромен. Скокна врз него и се спремаше да го удри. Сите почнавме да викаме: „Застани, застани! Ќе го убиеш!““, раскажа Пато.

Ониеву дресот на Милан го носеше од 2009 до 2011 година и во тој период одигра вкупно 31 минута за „росонерите“.