Махач немаше сили за нова сензација, Синер прв финалист во Шангај

Првиот светски тенисер Јаник Синер се избори за финале на Мастерсот во Шангај, Синер во полуфиналето го совлада Чехот Томаш Махач со 2-0 во сетови (6-4, 7-5) за еден час и 44 минути игра.

Махач кој во четвртфиналето го елиминираше Карлос Алкараз пружи силен отпор, но Синер беше подобар во клучните моменти и продолжи да реди добри резултати.

За титулата Синер ќе игра против подобриот од второто полуфинале во кое сретнат Новак Ѓоковиќ и Тејлор Фриц.