Ферари почна преговори: Леклер добива богатство, а Саинц само „трошки“

Возачот на Ферари, Шарл Леклер доби понуда да го продолжи договорот на уште пет години, односно до 2029 година и притоа да добие двојно поголема плата.

Според новиот договор, возачот од Монако ќе добие плата која ќе изнесува околу 50 милиони евра годишно.

Ферари наводно преговара и со Карлос Саинц, но Шпанецот ќе добие понуда за продолжува на соработката на само една година.