Атлетичар остана без олимписко сребро зашто лажел за својата – возраст!
Тој иако е роден 1992 година, како јуниор ја фалсификувал годината на раѓање и настапувал како една година помлад, кога и ја освоил титулата светски јуниорски шампион во Барселона во 2012 година, а сега таа титула му е одземена.
„Со оглед на правилата според кои само на спортистите кои имале 19 години на 31 декември 2012 година или помлади им беше дозволено да се натпреваруваат на тој шампионат, Сантос немаше право да се натпреварува на ова првенство“, објави Одделението за интегритет во атлетиката.