„На Пелистер му фали нешто што не може да се купи со пари!“

Екипата на Пелистер утре вечер ќе ја одигра деветтата средба во Лигата на шампионите (ЛШ) и тоа на гости кај поранешниот европски шампион Кјелце (20.45 часот), во пресметка која битолчани сакаат да покажат сила и да пробар да дојдат до првите бод(ови) во најквалитетото клупско натпреварување.

Тренерот Бранислав Ангеловски најавува дека неговите избраници ќе дадат се од себе во Полска и дека ќе се обидат да соберат дополнително искуство, кое и тоа како ќе им биде важно за останатиот дел од сезоната.

„Кјелце е исклучително силен и предводен од еден од најдобрите тренери во светот, па затоа не н и треба дополнителна мотивација. За нас е успех и што можеме да им парираме на ривалите во одреден дел од натпреварот. На Пелистер му фали нешто што со пари не може да се купи, а тоа е времето. Сигурен сум дека овие натпревари ќе донесат искуство за моите ракометари и во понатамошниот дел на сезоната ќе играме на повисоко ниво, со што ќе ја израдуваме нашите верни симпатизери“, изјави Ангеловски.

Пелистер ги загуби сите досегашни осум средби во најквалитетното клупско натпреварување, додека екипата од Полска е третопласирана со 10 бодови.