
Скандал: Додека игра Македонија, „македонски“ министри ја бодрат Албанија во Тирана (ФОТО)
Според ТВ 21, вицепремиерот Артан Груби и министерот за економија, Крешник Бектеши вечерва наместо на трибините на Градски се наоѓаат во албанската престолнина, каде што ќе го слават и официјалниот пласман на нашиот западен сосед на ЕП 2024.
Ваквиот потег на министри во било која друга држава би бил оценет како скандалозен и би бил осуден во јавноста. Особено што во составот на Македонија играат солиден број фудбалери од албанска националност како Мислиу, Барди, Алими и Алиоски.
ФОТО: ТВ 21