Леклер пред Саинс до петтата пол-позиција сезонава
Денеска тој дојде до петтата пол-позиција сезонава, а вкупно 23. во кариерата со време од 1:32.726 секунди, пред неговиот тимски колега Карлос Саинс кој заостана 44 илјадити делови од секундата. Најблиску до нив беше Макс Ферстапен, но тој се откажа од борбата за пол-позицијата на три минути пред крајот откако на патеката помина само 19 круга и го освои третото место.
Утрешната трка ќе биде прва во историјата во Лас Вегас, но на оваа патека ќе се води и во следните девет години по договорот што го потпишаа Формула 1 и овој град во Невада.