Позитивни вести од Холандија: Голманот на Валвијк повеќе не е во животна опасност

Холандскиот прволигаш РКЦ Валвијк соопшти дека голманот на овој тим Етјен Васен повеќе не е во животна опасност бидејќи по ноќта помината в болница, неговата здравствена состојба е многу постабилна.

Васен се повреди синоќа, на првенствениот дуел против Ајакс, при судир со противничкиот играч по што остана без свест да лежи на тревата.

„Можеме да известиме дека нашиот голман Ерјен Васен имаше добра ноќ и продолжува со својата рехабилитација. За него сега е важно да заздравува во мир во следните часови и денови и затоа би сакале да му дадеме поддршка нему и на неговото семејство.Се надеваме дека наскоро повторно ќе го видиме во клубот“, се вели, меѓу другото, во соопштението од клубот.

Натпреварот меѓу Валвијк и Ајакс беше прекинат во 86. минута, а потоа регистриран со важечкиот резултат во тој момент, 3-2 за гостинскиот тим.