Пантомимичар од Скопје ја разби монотонијата на „Скопски маратон“ (ФОТО)
Ако во претходните години ѕвезди на трката низ скопските улици беа Супермен, Аквамен и момчето кој го истрча маратонот во костум, годинава монотонијата ја разби пантомимичар од Скопје. Тој го имаше стартниот број 2737 и беше пријавен во полумаратонската трка, што значи дека освен што сакаше да ги развесели навивачите со својата уникатна појава, тој, сепак, и вложи сериозен напор за да ја истрча патеката од 21 километар. Традиционално, меѓу тркачите имаше и прекрасни девојки, кои секако го привлекуваа вниманието на присутните крај патеката.
Годинава на улиците на македонската престолнина се појавија 11.000 тркачи, меѓу кои ги имаше од сите категории, млади, стари, мажи, жени, рекреативци и професионалци. Заеднички именител е што сите заедно уживаа во прекрасниот неделен ден промовирајќи здрав начин на живот.