Не можеше послатко за Барса, победа со автогол на - Серхио Рамос! (ВИДЕО)
Легендата на Реал Мадрид, Серхио Рамос кој со години војуваше против Барселона, со голем мотив денеска настапи против каталонскиот тим, но судбината си поигра со него.
Натпреварот изобилуваше со шанси, ги имаше и на двете страни, но повеќе креираа фудбалерите на Барселона кои имаа неколку идеални прилики.
Но, единствениот гол на мечот беше автогол на Серхио Рамос во 76. минута од натпреварот.
Кога и да ја допреше топката, дефанзивецот беше исвиркуван од навивачите на Барселона, па победа со негов автогол веројатно за нив е најслаткиот начин да се освојат трите бода од овој дуел.