
Хрватска „порно ѕвезда“ избра: Лазаров е втор најсекси ракометар на ЕП! (ВИДЕО)
Затоа, како дел од емисијата посветена на континенталниот собир, беше направен и избор на петте најсекси ракометари кои учествуваат на ЕП. Како стручни коментаторки се најдоа Лана Клингор-Михиќ, стручњак за односи со јавност како и лото-девојката и манекенка Тина Катаниќ, која е многу пошироко позната и по порно-скандалот од пред неколку години, кога се појави снимка како има секс со неколку мажи, а на која делува како да е дрогирана.
Меѓу избраните е и капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, кој беше класифициран како втор најсекси играч на ЕП.
„Лазаров изгледа маркантно, интересно. Он е конкретен маж, а не дете и со тоа привлекува жени“, рекоа за него коментаторките на РТЛ.
Според нивните гласови, најсекси од сите е Хрватот Домагој Дувњак, а на листата се уште и Шпанецот Виктор Томас, Данецот Микел Хансен и Французинот Никола Карабатиќ.
Видеото од изборот на петте најсекси ракометари на ЕП може да го проследите на следниот линк.