
„Ѓоковиќ е голем кавгаџија и тоа го користи за да биде – најдобар во светот!“
Србинот утре ќе го почне настапот на гренслем-турнирот во Њујорк, каде што го нема во изминативе две години поради проблемите што ги имаше со добивање американска виза бидејќи не сакаше да се вакцинира против корона вирусот.
„Новак отсекогаш е лик кој предизвикува спротивставени мислења, а тоа не е само поради неговиот тенис, туку и некои одлуки што ги носеше надвор од теренот. Меѓутоа, гледајќи го многумина би рекле дека го има тој кавгаџиски карактер“, вели Хенман.
И покрај тоа, Британецот додава дека Ѓоковиќ некако се мотивира преку сето ова.
„Доколку има, да речеме, 80-отсто од поддршката на навивачите, тој е тип на човек кој ќе се фокусира на преостанатите 20 и ќе го искористи тоа за да се мотивира, да се запали. Сè уште ми е фасцинантно што влегува во тие конфликти со поединци од публиката, кои би можеле да бидат против него. Но, како и да пристапи, не можете да се критикувате дека го прави тоа зашто неговите резултати се неверојатни“, додаде Хенман.
Ѓоковиќ својот настап на терените на „Флешинг Медоуз“ ќе го почне во ноќта помеѓу понеделник до вторник (2.30 часот по македонско време) и тоа против Александар Милер од Франција.