Струга ТЛ има отворен пат кон групната фаза од Конференциската лига!

Македонскиот фудбалски шампион, екипата на Струга Трим Лум, неделава ќе го одигра првиот меч од 3. квалификациско коло од Конференциската лига против Есперанж (Луксембург), но веќе го дозна и потенцијалниот следен ривал, против кој би се бореле за пласман во посакуваната групна фаза од ова натпреварување.

Ниту составот од Луксембург е противник кој не може да се мине, а тоа може да се каже и за плејоф-рундата во која би играле со поразениот од пресметката помеѓу босански Зрињски и исландски Бреидаблик.

Првите мечеви од плејофот за пласман во групите на Конференциската лига ќе се играат на 24 август, додека реваншите се закажани за 31 овој месец. Претходно, стружани на 10 август во Скопје ќе го пречекаат Есперанж, а седум дена подоцна ќе му гостуваат на овој тим.