Откриено како ПСЖ и Дембеле ја измамиле Барселона

ПСЖ не успеа да ја активира откупната клаузула на Осман Дембеле од 50 милиони евра, која важеше до 31 јули, по што таа се зголеми на 100 милиони евра. Сепак, францускиот гигант заедно со талентираниот фудбалер успеале да ја измамат Барселона.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека ПСЖ ќе може да го купи Дембеле за 50 милиони евра затоа што активирал „приватна“ клаузула, односно веќе потпишал преддоговор со Французинот.

Дембеле бил свесен за тоа што се случува и му дал дозвола на неговиот агент да го изведе потегот заедно со парижаните, но во Барселона не го очекувале тоа и се надевале дека ќе заработат 100 милиони евра.