
Готово е: Милан и Челси се договорија – Пулишиќ доаѓа на „Сан Сиро“
Американскиот репрезентативец Пулишиќ за 22 милиони евра доаѓа во седумкратниот европски првак, откако денеска конечно падна договор на неговиот досегашен клуб Челси и Милан, откако самиот фудбалер притискаше за овој трансфер одбивајќи да замине во Лион, кој понуди и повеќе од Милан – 25 милиони евра.
Пулишиќ и Милан уште пред десетина дена постигнаа договор за соработка, но се чекаше на договорот за трансфер, па после првата одбиена понуда од 15 милиони, Милан пред неколку дена ја зголеми на 22 милиони и сега двата клуба си подадоа рака, а веќе се закажани лекарските прегледи на Американецот.
Американскиот репрезентативец има договор за четиригодишна соработка за четири милиони евра по сезона.
Тој е втор фудбалер што во Милан доаѓа од Челси по Рубен Лофтус-Чик, а „росонерите“ веќе го донесоа и голманот Марко Спортиело, како и големиот аргентински талент Лука Ромеро, кој бесплатно дојде од Лацио.