Пелистер го зема Симеон Христов за битката за враќање во Првата лига

Битолски Пелистер кој во новата сезона во битка за враќање во Првата лига тргнува со Влатко Костов на кормилото, а вчера задржа осуммина фудбалери од погонот од минатата сезона, го донесе првото засилување и тоа напаѓачот Симеон Христов.

Христов во Пелистер доаѓа откако летово раскина со Гостивар после само полусезона и после обезбедениот пласман на гостиварци во Првата лига, откако изминатава сезона ја започна во Вардар, но зимоска ги напушти црвено-црните поради големата беспарица која веќе подолг период ги тресе црвено-црните

„Благодарност до управата и до тренерот за довербата да бидам дел од тимот и се надевам дека сите заедно ќе успееме во зацртаната цел за влез во ПМФЛ. Ова е мое второ доаѓање во Битола и имам прекрасни спомени од тука. Ова е фудбалски град со голема традиција и навивачи кој заслужува место во ПМФЛ“, рече Христов

Тој е поранешен фудбалер и на Борец, Работнички, Тиквеш, а во Битола доаѓа после цела една деценија.