Алкараз без проблем го мина првото коло на Роланд Гарос
Алкараз за помалку од два часа фуриозно го суреди Коболи, кој дури деветтиот гем успеа да го освои откако остана на нула по првиот сет, а Алкараз во вториот поведе со 2-0 за да си го трасира патот кон освојување и на вториот сет во кој на противникот му дозволи само уште еден гем за 6-2.
Најмногу отпор Коболи даде во третиот, на 3-3 го загуби сервисот за брејк на Шпанецот, имаше и 40-0 на нов сервис на Коболи за побрзо да заврши, а потоа Италијанецот успеа да искористи две брејк шанси за да се врати комплетно во мечот, но немаше сила да издржи барем до тајбрејк. Повторно загуби свој сервис и Алкараз втората шанса не ја испушти.
Следен противник на Алкараз е Таро Даниел од Јапонија, кој во три сета го мина Кристофер О'Конел од Австралија.