Боксови и кунг-фу удари: Брутална тепачка на меч во Азија – први почнаа тренерите (ВИДЕО)
Тајланѓаните во седмата минута од судиското надополнување дојдоа до изедначување и продолжетоци и веќе тогаш можеше да се види дека ќе дојде до голем инцидент. Индонезијците набрзо по стартот на екстра-периодот повторно поведоа и се ќе беше во најдобар ред да останеа тренерите со студени глави, што за жал не се случи. Токму тие ја почнаа тепачката, која потоа ескалира до огромен размер.
Боксови, боречки зафати и кунг-фу удари „летеа“ на сите страни, обезбедувањето веднаш втрча во теренот и на крајот сѐ се заврши со по еден црвен картон на двете страни и со вкупно три исклучувања во стручните штабови на селекциите. Тајланд потоа остана со осум играчи во поле, што противникот максимално го искористи и победи со 5-2.
Игрите на Југоисточна Азија се одржуваат од 1959 година и на нив настапуваат 11 држави од овој дел на светот, додека на фудбалскиот турнир настапуваат играчи до 22 години.