„ФИФА 23“ е убедливо најпродаваната видео-игра на сите времиња

Последното издание на најпопуларната видео-игра „ФИФА 23“ стана најпродаваната игра од серијалот во историјата, откако приходите од продажбата на истата пораснале за дури 31 отсто од претходните изданија.

Само шест месеци откако најновото издание на фудбалската видео-игра се појави во продажба, ги урна сите рекорди во продажба во три децении откако првпат се појави видео-играта на пазарот и сега е најуспешната фудбалска игра во историјата.

Точен број на продадени игри од „ФИФА 23“ не е откриен, но „Електроник Артс“ објави дека за 31 отсто е поголем приходот од претходното издание „ФИФА 22“. Најголем раст на продажбата е забележан во САД и тоа за 50 отсто.

Но, „ФИФА 23“ е последна од серијалот со брендот на светската организација ФИФА, зашто од следното издание ќе оди со „ЕА Спортс ФЦ“. Колку сето тоа допрва ќе донесе поголем раст или пат кај светската публика дополнително ќе се покаже.