Урнебес: На помошникот на Мурињо му ги украле вратите од автомобилот!
Фати се шикирал во петокот наутро кога видел дека неговиот автомобил нема врати, откако со тимот бил во карантин и со клупскиот автобус заедно биле на мечот, на кој тој го следел од трибините поради суспензијата од три меча од УЕФА за инцидентот во четвртфиналето со Феенорд од Холандија.
Лудориите со кражби во Италија не се реткост и страдаат познати имиња, а лани на Лучано Спалети, тренерот на Наполи му го украдоа автомобилот од пред зградата во која живее.