Јокиќ: Додека дојде финалето ќе гледам коњски трки! (ВИДЕО)

Денвер ја оствари примарната цел за плејофот во НБА-лигата, се пласира во финалето на Западот, елиминирајќи го Феникс, а по синоќешниот шести натпревар, интересна изјава даде херојот на Нагетс, Никола Јокиќ.

Денвер ќе го чека победникот од Голден стејт - ЛА Лејкерс во финалето, серија, која засега е 3-2 за Лејкерс, но може да оди и до седми натпревар, што ќе значи повеќе време за одмор за Јокиќ и другарите. Затоа, во интервју за ЕСПН, Србинот го прашаа како ќе го помине времето додека го чека финалето, а тој одговори во свој стил. 

„Веројатно ќе гледам коњски трки, на кои учествува мој пријател, во Италија. Ќе поминам време со моето семејство, а се надевам времето ќе биде топло, па ќе бидам и надвор, во базенот. Ќе се опуштам“, рече Јокиќ.

Веќе е познато дека тој е огромен љубител на коњи, а има и своја ергела во родниот Сомбор, па затоа не е чудо што и како гледач поминува време со овој спорт.