Сабицер сака да остане во Манчестер јунајтед, но се прашува Баерн Минхен

Марсел Сабицер е среќен во Манчестер јунајтед и сака да остане на Олд Трафорд, и англискиот клуб го сака тоа, но работите ќе зависат од Баерн Минхен.

Фудбалерот е среќен во Манчестер јунајтед, но и клубот е презадоволен од неговите игри откако пристигна на Олд Трафорд, двете страни сакаат соработката да продолжи.

Но, Сабицер е на чиста позајмица од Баерн Минхен, без опција за откуп, па германскиот клуб ќе го има клучниот збор. Тие ќе треба да определат обесштетување за трансфер.

Работите ќе зависат и од новиот тренер, Томас Тухел кој ќе треба да каже дали ќе смета на Сабицер.