
Еспањол тоне кон зоната за испаѓање, четврти пораз по ред! (ВИДЕО)
По мирното прво полувреме, Жирона поведе во 53. минута со гол на Мартинез, но во 74. минута Брајтвајт успеа да изедначи на 1-1.
Во 84. минута Еспањол остана со фудбалер помалку откако Гомез заработи црвен картон. Тоа го искористија домаќините и со гол на Стуани од пенал во 88. минута дојдоа до победа од 2-1.
Ова беше четврти пораз по ред за Еспањол, доколку Валенсија свој терен не загуби од Рајо Ваљекано, клубот од Барселона ќе влезе во зоната за испаѓање.