Ибрахимовиќ испиша историја, но Милан загуби од Удинезе (ВИДЕО)

Италијанскиот шампион Милан запиша уште еден пораз во Серија А, откако вечерва беше поразен со 1-3 на гостувањето кај Удинезе.

Удинезе поведе со голот на Переира во деветтата минута од дуелот, по што Ибрахимовиќ од пенал израмни на 1-1 и стана најстар стрелец на гол во калчолигата.

Домаќините повторно го вратија водството преку Бето (2-1), а победата ја потврди Ехизибуе во 70. минута.

Милан останува на четвртата позиција со 48 бодови, односно еден повеќе од петтопласиранат Рома, додека Удинезе е на осма позиција со 38 бода.