
Грчки кошаркар суспендиран на две ипол години: Докторката ми го уништи животот!
Митроглу не го поминал допинг-тестот по натпреварот против Панатинаикос, откако во неговото тело биле пронајдени траги од супстанција која се наоѓа на листата со забранети средства за користење.
„Докторката ме увери дека таблетите од Русија ќе ми помогнат. Ми даде чист серум и ми кажа дека тоа ќе ми помогне да го исчистам телото. Покрај лекувањето на повредата и зголемувањето на атлетските способности, третманот требаше да ми го зголеми либидото. Таа ми го уништи животот“, кажа Гркот.
Грчкиот кошаркар почнал да ги зема таблетите по повредата на стапалото во сезоната 2021/22, но тоа скапо го чинеше на крајот.