
Трајковски со 32 поени го предводеше Феникс до славје против ФМП
Кошаркарите на Феникс уште од стартот ја преземаа контролата врз дуелот и ја добија првата четвртина со 30-22, додека водството на полувреме се зголеми на 50-39.
ФМП Академија се разбуди во третата четвртина и со 25-17 намали на 64-67, но Феникс со одлична игра во последните 10 минути го наполни кошот на ривалот.
Бојан Трајковски беше најефикасен кај Феникс и притоа постигна 32 поени, девет асистенции и осум скокови, додека Мекевен запиша 24 поени за ФМП.