Навивачите на белградска Црвена Звезда, Делии му упатија порака со поддршка на претседателот на кошаркарската федерација Перо Антиќ, поранешен македонски репрезентативец, откако се најде на удар на македонската јавност откако на ревијалниот ракометен спектакл во кој се славеше македонскиот ракомет дојде во дуксер Црвена Звезда.
Антиќ се најде на удар на македонските навивачки групи кои го нападнаа за аутфитот на ракометниот спектакл, по што Антиќ им одговори, но сега во „војната“ се вклучија и српските навивачи на белградскиот гигант со порака до него, ама и до јавноста
„Не те сакаат затоа што си наш, најдобро чувство е кога си звездаш“, пишуваше на пораката за Антиќ на вечерашната евролигашка пресметка на Ц. Звезда со Монако.

Инаку во неделата Ц. Звезда гостуваше во Скопје во АБА-презметката со МЗТ Скопје, кога Антиќ беше истролан со парола на картон што ја држеше економот на металците, на која пишуваше: „Не биди Перо, навивај за МЗТ!“.