Талески го отседи мечот на ѕвездите - има повреда!

Еден од ракометарите кои треба да бидат предводници на Македонија на претстојното Светско пвенство во Полска и во Шведска, Филип Талески, заработил повреда на 10 дена до првиот меч на Македонија.

Левиот бек на Вардар имал повреда на скочниот зглоб, заработена на тренинг. Повредата не била сериозна за да го става во прашање неговиот настап на Мундијалот, но од превентивни причини тој остана на клупа за оваа средба.

Поради тоа можно е и да не патува за Хрватска, на подготвителниот турнир „Кроација куп“, каде што нашата селекција ќе се соочи со Хрватска и со Израел на 6 и 7 јануари. Целта е тој да мирува, за да може да биде фит на стартот на Мундијалот. Официјалното отворање е на 11 јануари, но Македонија ќе почне два дена подоцна, против Норвешка.