Мартинез: Бранам за 45 милиони Аргентинци, во полуфинале сме поради – срцето и страста!
Мартинез немаше интервенција до 83-та минута кога Аргентина имаше сигурни 2-0, а потоа Холандија чудесно се врати со два гола на Веиг Вегхорст за продолженија, па во пенал-рулетот, „единицата“ на двојниот светски првак блесна и после големата победа посочи дека тоа е за – 45-те милиони Аргентинци.
„Прво нешто што ми проаѓа низ глава е емоцијата. Радоста на 45 милиони Аргентинци и јас бранам за нив. Да им дадете радост на вашите сонародници е нешто најубаво во моментов. Ние сме во полуфинале зашто имаме и срце и страст. Возбудени сме сите, како и сите навивачи“, рече Мартинез.