Македонија без Миовски и Алиоски утре против Азербејџан
Во ек кога селекрторот Благоја Милевски поради повреди не можеше да смета на шестмина други фудбалери за овие два пријатески меча, за утрешниот последен тест пред мартовскиот старт на квалификациите, Миовски поради болест не е во конкуренција, а Алиоски е ослободен од обврските.
„За жал утре Миовски нема да игра поради болест, а Алиоски од приватни причини го ослободив од обврските и ќе мора да играме без нив двајца“, рече селекторот Благоја Милевски.
Миовски против Финска влезе на почетокот на второто полувреме, а Алиоски беше човекот што го изнуди пеналот за ремито кој го реализираше Енис Барди.
За овоје два меча, завчерашниот со Финска (1-1) и утре со азербејџан поради повреди отпаднаа Александар Трајковски, Милан Ристовски, Аријан Адеми, како и од претходно повредените Дарко Чурлинов, Тихомир Костадинов и Дејан Илиев.